Реал ја предаде круната во Лигата на шампионите. Се уште актуелниот шампион испадна од Арсенал во четвртфиналето. „Тобџиите“ победија најпрвион во Лондон (3:0), а потоа и синоќа во Мадрид (2:10.
Поразот на домашен терен од Арсенал е трет пораз на Реал во последните пет натпревари. Освен гореспоменатите порази од лондонскиот клуб, тие загубија и на домашен терен во Ла Лига од Валенсија (1:2), која се бори за опстанок. Згора на тоа, во регуларниот дел беше поразен во реваншот од полуфиналето на Купот на кралот против Реал Сосиедад (3:4), но потоа постигна гол во продолженијата за израмнување и пласман во финалето.
Реал се уште е во игра за три трофеи – Ла Лига, Купот на кралот и Светското клупско првенство, но по лошите игри и резултати во клучниот дел од сезоната медиумите шпекулираа дека Карло Анчелоти ќе добие отказ доколку Арсенал испадне.
На прес-конференцијата по поразот од Арсенал, Италијанецот одговори и на ова прашање.
Инаку, шпанските медиуми доцна синоќа објавија дека на мечот на „Бернабеу“ биле претставници на бразилскиот фудбалски сојуз и дека нивните контакти со Анчелоти се интензивирани. Бразил долго време сака славниот Италијанец да стане селектор на нивната репрезентација.
Прашања од печатот до Анчелоти и неговите одговори по испаѓањето од Арсенал:
Зошто не успеавте?
Тимот се трудеше многу, но не успеавме да направиме пресврт. Арсенал заслужено помина.
Овој пат изостана големиот пресврт на Реал?
Фудбалот има две страни. Среќниот во кој уживавме последниве години и тажниот што го доживуваме сега.
Како ќе се вратите по вакво испаѓање од Лигата на шампионите?
Сè уште сме во игра за освојување на Ла Лига, Купот на кралот и клупското СП.
Ќе го водите ли Реал на тој Мундијал?
Не можам да зборувам за тоа сега. Ако клубот одлучи да ме замени, нема проблем. Ќе му се заблагодарам.
Каква е вашата иднина во Реал?
Не знам и не сакам да знам.
Текстот Анчелоти: Не знам и не сакам да знам каква е мојата иднина во Реал е превземен од МАКФАКС.