Комплетирано е 32. коло во Премиер лигата, по кое Њукасл се искачи на третото место на табелата. Вечерва Њукасл го декласира Кристал Палас со 5:0 (4:0).

Њукасл од самиот почеток тргна во офанзива, па Александар Исак имаше одлични шанси веќе во осмата и десеттата минута, првиот негов обид го одбрани голманот на гостите, вториот беше непрецизен.

Њукасл поведе во 14. минута преку Џејкоб Марфи. Имаше потоа Палас шанса преку Езе, а од 38.минута започна потпот на гостите од Лондон.

Марк Гуехи си постигна автогол во 38. минута. Гуехи е вториот играч кој си постигнал автогол и дома и на гости во дуел со ист противник. Пред него, Џејми Карагер ја имаше таа несреќа против Тотенхем во сезоната 1998/99.

Во втората минута судиското надополнување во првото полувреме, Харви Барнс го постигна третиот, а шест мунути подоцна Фабијан Шер се запиша во листата на стрелците за 4:0.

Конечниот резултат го постави Александер Исак во 58.минута.

Тимот на Еди Хау, кој го пропушти вториот меч поради воспаление на белите дробови, сега е на третото место на табелата со 59 бодови, два повеќе од Нотингем Форест. Кристал Палас е на 12 место со 43.

Текстот (Видео) Њукасл го декласира Кристал Палас и скокна на третото место во Премиер лигата е превземен од МАКФАКС.