Јувентус планира да доведе три „јаки“ имиња во текот на летниот преоден рок, но не планира голема реконструкција.

Според италијанските медиуми, Јувентус има намера во текот на летниот преоден рок да доведе тројца клучни играчи за првиот тим, можеби и уште неколку други играчи, но тоа ќе зависи колку играчи ќе го напуштат клубот по завршувањето на сезоната.

„Старата дама“, потроши повеќе од 200 милиони евра под водство на Тиаго Мота минатото лето за да ги доведе Теун Купмајнерс, Даглас Луиз, Нико Гонзалес. Во клубот има и неколку играчи кои се на позајмица од други клубови во чии договори постои опцијата да бидат откупени.

Клупските челници се сигурни дека тимот кој моментално го води Игор Тудор има солидна основа која може да се надградува.

Се очекуваат нови имиња во средниот ред и нападот. Сандро Тонали од Њукасл останува голема желба на клубот, според „Тутоспорт“. Исто така Јувентус е заинтересиран и нигериските напаѓачи Виктор Осимхен (Наполи, позајмен во Галатасарај) и Адемола Лукман (Аталанта).

Напаѓачот на Наполи има отштетна клаузула за клубови надвор од Италија, а таа изнесува 75 милиони евра. Лукман веројатно би бил достапен за околу 60 милиони. „Трансфермарк“т ја проценува вредноста на Тонали на 45 милиони евра.

Текстот Откриени трансфер-плановите на Јувентус е превземен од МАКФАКС.