На 82-годишна возраст почина познатиот фудбалски тренер Лео Бенхакер.

Веста за неговата смрт ја пренесоа бројни светски медиуми.

Бенхакер беше еден од најголемите фудбалски стручњаци на 20 век, а последниот ангажман го имаше во 2018 година. Тогаш беше технички советник во Спарта од Ротердам.

Најголема трага остави во Ајакс со кој освои две титули во Холандија.

Работеше и во Реал Мадрид, каде освои три титули во Ла Лига и освои еден Куп на Кралот и два шпански Суперкупа, а работеше и во Феенорд, со кого беше шампион на Холандија.

Бенхакер беше тренер и на Тринидад и Тобаго, со оваа селекција учествуваше на Светското првенство во Германија во 2006 година, за што го доби Орденот „Чаконија“, вториот најмоќен медал во таа земја.

Тренерската кариера ја започна во 1965 година, а како тренер работеше до 2009 година, кога беше селектор на Полска.

Текстот Почина славниот тренер Лео Бенхакер е превземен од МАКФАКС.