Фото/ facebook.com/rfmofficial
Женската ракометна репрезентација на Македонија загуби во Полска со 22:18 во првиот бараж натпревар за пласман на Светското првенство.
Извонредните последни 10 минути ја оставија Македонија во игра за пласман на Мундијалот.
Полска го диктирраше ритамот на мечот, ја стекна првата сериозна предност со серија од три гола (8:4). До крајот на полувремето Послка постигна уште шшест,а Македонија четири гола (14:8).
По исто сценарио се одвиваше и вториот дел, Послак со мини серии ја зголемуваше предноста. Се чинеше дека Македонија ќе доживее дебакл кога стигна до двоцифрена предност (21:11, 22:12).
Сепак последните 12-13 минути апсолутно и приоаднаа на Македонија, со серија 6:0, за конечни 22:18 и надеж дека во Битола ќе може да се надополни негативата.
Текстот Ракометарките ги задржаа шансите за пласман на Мундијалот е превземен од МАКФАКС.