Познатиот бразилски судија Карлос Бернардес доживеа срцев удар и е хоспотализиран во болница во Мелбурн.
Според медиумите, Бернардес се чувствува добро и најверојатно во сабота ќе биде пуштен од болница и ќе се врати во карантин.
Бернардес срцевиот удар го доживеа во својата хотелска соба во Мелбурн каде се наоѓаше во задолжителен 14-дневен карантин пред стартот на Австралија Опен кој ќе се одржува од 8. до 21. февруари.
Тој беше еден од патниците на летовите од Абу Даби и Доха на кои имаше позитивни случаи на коронавирус поради што сите е ставен во строг 14-дневен карантин и нема да смее да ја напушти хотелската соба.
Карлос Фернардес на АТП турнирите е присутен од 1990 година и досега има судено на голем број финалиња на грен слем турнирите.