Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ја презеде одговорноста за поразот на тимот од Алкојано во 1/16 финалето од Купот на Шпанија.
– Направивме сè што можеме. Имавме шанси да го постигнеме вториот гол, но не ги искористивме, а потоа примивме откако самите направивме грешки. Ова е тежок момент за нас. Испаднавме од купот. Сè требаше да биде поинаку, но тоа не се случи. Игравме против тим од Сегунда Б и требаше да победиме, но не е срамота. Ова може да се случи. Ова е она што се случува во кариерата на играчот. Денес е тежок ден, но нема да полудиме. Ќе размислиме за тоа и ќе работиме напорно. Јас сум тренер, па одговорноста лежи во мене, вели Зидан за клупскиот сајт на Реал.
Претходно, Реал Мадрид загуби од Атлетик Билбао (1:2) во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија.(МИА)