Во интервју за швајцарската телевизија „РСИ“, за време на шоуто „Лармандило“, Фабио Капело ги помина сите клучни фази од својата фудбалска кариера, и како играч и како тренер. Актуелниот коментатор на „Скај Спортс“, сподели бројни анегдоти од неговата богата кариера.
Капело проговори за великаните
За Паоло Малдини: Го тренирав Малдини во младинскиот тим. Лидхолм виде нешто во него, јас не се согласив кога беше повикан во првиот тим. Нилс ги постави темелите, тој ја воведе одбраната од четворица во Милан. Никој никогаш не се сеќава на тоа. Тасоти-Малдини-Бареси-Гали: тоа беше основата на сите мои успеси и на Саки.
За Дејан Савиќевиќ: Отсекогаш сум ги ценел добрите играчи. Тој играше едно полувреме, потоа ќе останевме со десетмина, само требаше да го чекате неговиот потег. Еднаш одржавме состанок со играчите и му рековме: не мора да играш како бек или да се браниш, туку мора да имаме рамнотежа. Од тој момент го решивме проблемот. Неговиот лоб за г3-0 во финалето против Барселона е како бисер, беше генијален.
За Руд Гулит: Не го повикав, но не го известивме. Не е моја вина, туку на кој и да е задолжен за комуникација со играчите. Се сретнавме во автобусот, му се извинив и му реков дека нема да игра. Поради тие проблеми го загубив Интерконтиненталниот куп.
Финалето го подготвивме со Радучоју, наместо со Савиќевиќ, мислевме дека тој е суспендиран. Натпреварот се играше напладне и ни рекоа дека Савиќевиќ може да игра затоа што е натпреварување на ФИФА. Решив дека сепак нема да игра. Веројатно ќе ми дадеше повеќе, но чувствував дека е фер.
За разликата помеѓу Тоти и Дел Пјеро: Франческо Тоти беше играч од средниот ред кој не трчаше, но имаше одлична визија за играта и без дриблинг. Алесандро Дел Пјеро кога дојдов во Јувентус беше во фаза на опаѓање со малку помалку дриблинг, но во негово време го поседуваше тој квалитет заедно со визија за играта.
За Роберто Баџо: Баџо имаше дриблинг, визија за играта, чувство за гол. Еден од најдобрите италијански играчи на сите времиња со Ривера. Во Милано не тренираше поради проблеми со коленото, правеше само физиотерапија. Но кога играше ги покажуваше сите свои квалитети.
За разликата помеѓу Роналдо и Адријано: Адријано многу излегуваше, додека Роналдо носеше други играчи во својата вила. Без сомнение, тој е еден од најголемите играчи кои сум ги тренирал, иако беше дебел, жал ми е но на крајот морав да изберам.
За Дејвид Бекам: Бекам беше многу добро момче и добар играч, но не и одличен. Имаше квалитет, добар шут, но не ги дриблаше противниците. Имаше динамика, визија на играта, но беше многу добар само во одредени улоги. Фантастична личност, многу нормална, секогаш присутна на тренинг.
Во неговата последна година во Реал, тој во јануари потпиша за Лос Анџелес Галакси. Во клубот му се налутија и ми кажа да не го пуштам да игра. Му го кажав тоа и, и покрај тоа, секогаш на време доаѓаше на тренинг.
По првата недела одам кај претседателот и му велам дека ќе го пуштам повторно да игра бидејќи не можам а да не го направам тоа со таков примерен професионалец. Оттаму доаѓа познатата Ремонтада против Барселона, а Бекам беше клучен за освојување на Лигата.
За Златан Ибрахимовиќ: Мино Раиола еден ден ми вели: „Фабио, Ибра им ги крши рацете на голманите“, а јас му одговарам: „Не, тој засега најчесто крши стакла од салата зад голот“. Почнав да барам од него да прави одредени работи, го преобликував. Еден ден му подготвив касета со головите на Ван Бастен. Талентите апсорбираат, учат.
Текстот Капело: Савиќевиќ играше едно полувреме, а потоа ќе останевме со десет играчи е превземен од МАКФАКС.