„Ќе ги здробиме на теренот, а ако треба и надвор од него“, изјави Рафиња, ѕвездата на Барселона и бразилската репрезентација во пресрет на натпреварот против Аргентина во квалификациите за Светското првенство.

На крајот, Рафиња и соиграчите беа понижени на „Монументал“ во Буенос Аирес. Аргентина го победи Бразил со 4:1.

По завршвањето на натпреварот голманот Емилијано Мартинез, кој в финишот на натпреварот жонглираше во својот шеснаесетник, го испровоцира Рафиња, кој сакаше физички да се пресмета со Аргентинците.

Настана мешаница, Родриго му викал на Леонардо Паредес дека е „ужасен“, а играчот на Рома му одговрил: „Јас имам две Копа Америка и Светско првенство, ти немаш ништо“.

На крајот, по целата мешаница, кога Рафиња едвај го тргнаа од теренот, главниот судија подели 10 жолти картони.

Текстот (Видео) Рафиња рече дека ќе ги здроби Аргентинците – Погледнете што му направија по натпреварот е превземен од МАКФАКС.