Вечерва во рамките од 18 коло во Премиер лигата составот на Лестер на домашен терен со резултат 2:0 беше подобар од Челси.
Воедно за менаџерот на популарните „лисици“, Брендан Роџерс, ова е прв триумф против лондонските „сини“.
Двата голови на „Кинг Пауер“ стадионот беа реализирани во текот на првото полувреме, Ндиди стрелаше во шестата, а Медисон во 41 минута.
Така, сега Лестер води на табелата со 38 бодови, еден повеќе од Манчестер јунајтед, со напомена дека „црвените ѓаволи“ својот меч ќе го имаат утре на гостувањето кај Фулам.
Со 35 бодови третопласиран е Манчестер сити кој пак има два натпревари помалку. Во текот на денешниот ден се одигра уште еден дуел, Вест Хем на свој терен со 2:1 славеше против Вест Бромвич.