Влора Адеми
Во оваа болка што ја преживуваме по трагедијата во Кочани и по сите претходни трагедии што ги доживеавме како нација, една вистина е јасна: единствениот излез е целото население да се бори против овој криминал длабоко вкоренет во нашето општество.
Многу луѓе се надеваат дека Скопје ќе стане втор Белград —град на отпор, промени и револт. Би сакала да верувам во тоа, но бројките и менталитетот зборуваат поинаку:

/ од населението емигрирало — главно млади и средовечни луѓе, главната сила што може да донесе промени. Тие веќе се OUT.

Од 3/4 што останале:

2/4 се стари, деца и малолетници—без моќ и капацитетот да се спротивстават на корумпираниот систем.

1/4 од останатите млади и возрасни, остануваат единствен потенцијал за промена (500 K). Но АМА:

/ од нив се патронизирани политички—поврзани со тековниот или поранешниот систем. Во општество како нашето, каде што семејните/политичките врски го дефинираат идентитетот, политичката лојалност не се крши лесно. Еден чичко, вујко или братучед што бил во политика и преку кого сме добиле некои бенефиции, не се предава лесно.

/ нема соодветно интелектуално ниво – затоа што образовниот систем не успеа да создаде граѓанска свест и критичко размислување.

Преостанатата / има единствен фокус: напуштање на оваа земја – не соочување со системот, туку бегање од него. За нив надежта е мртва.
Тогаш, кога прашуваме: Зошто не се случува промена?—ова е одговорот. Бројките не лажат. И така, остануваме една земја што гледа трагедии, плаче неколку дена, бара правдата на неколку моменти—и потоа се враќа во истата тишина, апатија и прифаќање на судбината. Едноставна математика, горчлива реалност.
Верувам и посакувам да биде поинаку! Здравје и благосостојба за нашите деца