Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, вечерва изјави дека екстремисти ги нападнале и студентите во блокада и студентите во Пионерскиот парк и нагласи дека нема да се дозволи насилство.
„Лага е дека некој од Пионерскиот парк нападнал некого. Јасен доказ дека екстремисти ги нападнале и студентите во блокадите и студентите во Пионерскиот парк! Нема да се дозволи насилство“, изјави Брнабиќ на мрежата Х по тепачката после протестот.
Лаж је да је било ко из Пионирског парка напао неког. Јасан доказ да су ектремисти напали и студенте у блокадама и студенте у Пионирском парку! Насиље неће бити дозвољено. https://t.co/jBm3NUIX2z
— Ana Brnabic (@anabrnabic) March 15, 2025
Студентите на ФДУ вечерва околу 19 часот и 20 минути соопштија дека протестот организиран денеска повеќе не е студентски протест.
Текстот (Видео) Брнабиќ: Екстремисти ги нападнаа и студентите во блокада и студентите во Пионерскиот парк е превземен од МАКФАКС.