Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Австралија, со која започнува овогодинешниот шампионат во Формула 1.

Норис стигна до 10.пол-позиција на патеката Алберт Парк, со круг од 1:15.096, две десетинки пред тимскиот колега Оскар Пјастрi.

Најблиску до двоецот на Мекларен беше актуелниот шампион Макс Ферстапен, кој за речиси половина секунда имаше послаб резултат.

Одлични квалификации се возеа во Мелбурн, каде што возачите на Мекларен беа недофатливи за нивните ривали и создадоа клучна предност пред нив во последниот сектор.

Иако Верстапен водеше, прво Пјастри, а потоа и Норис се пробија пред него и не оставија простор никој да им се закани. Најдобар меѓу останатите беше Џорџ Расел во Мерцедес, пред најпријатното изненадување на квалификациите, возачот на Рејсинг Булс, Јуки Цунода.

Шести најбрз беше Алекс Албон во Вилијамс, пред дуото на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон, кои дури и се изврте на патеката за време на вториот дел од квалификациите.

Седумкратниот светски шампион ја заврши првата квалификациска сесија во боите на Ферари девет десетинки зад Норис. Топ 10 го комплетираа Пјер Гасли од Алпин и Карлос Саинц Јуниор од Вилијамс.

Трката за Големата награда на Австралија в недела ќе започне во 5 часот по средноевропско време.

Текстот Норис ја освои пол-позицијата пред првата трка во сезоната е превземен од МАКФАКС.