Бизарен и комичен случај е забележан во Романија каде сопственикот на Ботошани е лут на тренерот бидејќи го користи својот син давајќи му шанса да игра на секој натпревар.
Давид Кроитору, млад 17-годишен фудбалер ги започнува сите натпревари на Ботошани како стартер, игра 20-30 минути само поради правилото во романскиот фудбал со кое е предвидено во стартната постава да има млади фудбалери.
Проблемот е во тоа што Давид е син на тренерот Мариуш Кроитори и романските медиуми пишуваат дека тој го користи правилото за неговиот син да игра и се правда дека не постои непотизам. Сепак, сопственикот на клубот Валериу Ифтиме и е незадоволен од тоа што Давид игра на секој натпревар.
– Мртов натпревар, како да имаме 10 фудбалери на теренот кога тој игра. Мариуш го знае моето мислење за Давид но е тврдоглав како магаре и понатаму инсистира тој да биде стартер. Не разбирам зашто. Нема да му се мешам во составување на тимот, не сум тренер, но мислам дека имаме подобри јуниори од Давид. Игравме со 10 играчи кога тој беше на теренот, а кога Давид беше заменет, сè се промени – изјави Ифтиме.
Според правилото донесено од фудбалската федерација на Романија, екипите мора во првиот тим да имаат двајца фудбалери помлади од 21 година, од кои едниот мора да го одигра целиот натпревар додека другиот може да биде заменет во било кое време.
Така своевремено, Дан Петреску го замени 18-годишниот Алин Фику по само 25 секунди игра, односно по првиот прекин на натпреварот.