Кошаркарите на Оклахома со победата на теренот на актуелниот шампион Бостон, математички обезбеди пласман во плејофот. Во „Ти-Ди Гарден“ во Бостон, Оклахома победи 118:112.

Играчите на Оклахома Сити Тандер ја забележаа 17. победа во последните 18 натпревари.

Шеј Гилџис-Александер уште еднаш ги предводеше Тандер до победата, овојпат со 34 поени, а најсилната офанзивна поддршка ја имаше во Чет Холмгрен, кој натпреварот го заврши со 23 поени и 15 скока.

Ова беше втор натпревар на Оклахома и Бостон оваа сезона и втора победа на Тандер против актуелниот шампион.

На домашниот тим не им помогна ниту одличното издание на Џејсон Тејтум и неговите 33 поени.

Кошаркарите на Бостон имаа 63 обиди за три поени, што е рекорд на франшизата по бројот на обиди надвор од линијата од 7,24 метри. Уфрлија само во дваесет.

Една од причините за поразот на Селтикси, покрај нивното упорно инсистирање на удари од далечина, беше и лошиот настап на Џејлен Браун, кој го израмни својот минимум во сезоната со десет поени.

Втор најефикасен кај Бостон беше Дерик Вајт со 22 поени, а Ал Хорфорд постигна 18.

Њујорк синоќа на спектакуларен начин дојде до победата, со тројката на Микал Бриџис на крајот од продолжението на мечот против Портланд. Така Никс дојдоа до „тесна“ победа во Орегон со резултат 114:113.

Бриџис го заврши натпреварот со 33 поени.

О-Џеј Ануноби со 23 поени и Карл-Ентони Таунс со 21 поен го следеа Бриџис.
Кај Портланд се истакна Дени Авдија со 27 поени.

Текстот Оклахома победи во Бостон, математички си обезбеди место во плејофот е превземен од МАКФАКС.