Навивачите на Интер протестираа поради скапите билети пред и за време на реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Феенорд.
Натпреварот на „Џузепе Меаца“, започна во необична атмосфера, бидејќи домашните навивачи молчеа, што го искористија симпатизерите на холандскиот тим кои гласно ги пееја нивните песни, претворајќи го гостинскиот во домашен терен.
Протестот започна пред натпреварот, кога навивачите истакнаа парола пред стадионот, критикувајќи ја управата за цената на билетите, објавија италијанските медиуми.
„Фудбалот им припаѓа на навивачите, вообичаена лага. Шеесет и пет евра го овековечуваат вашиот срам“, гласеше слоганот.
Навивачите на Интер направија врева по воведниот гол на Маркус Турам во осмата минута, но не навиваа се до 20. минута, кога го прекинаа протестот.
Canta tutto lo stadio tranne la curva in sciopero per il prezzo dei biglietti #InterFeyenoord pic.twitter.com/rZStyL8ecH
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) March 11, 2025
Текстот Навивачите на Интер протестираа поради цените на билетите е превземен од МАКФАКС.