Фудбалскиот клуб Јувентус очигледно бара замена за Тиаго Мота. Мота ја нема најдобрата сезона откако пристигна од Болоња, а тешкиот пораз во Торино од Аталанта (4:0) дополнително „под лупа“ ја стави неговата позиција како шеф на стручниот штаб.

Покрај тоа, Јуве беше елиминиран од Лигата на шампионите од ПСВ, а потоа и од Купот на Италија од Емполи.

Италијанските медиуми веќе наголемо шпекулираат со името на можниот наследник. Најновите информации кои доаѓаат од Апенините се дека среде ноќ челници на Јувентус го контактирале Игор Тудор.

Хрватскиот стручњак (46) е без работа откако го напушти Лацио во 2024 година по една полусезона.

Тудор во кариерата го носеше дресот на „Старата дама“ од 1998 до 2007 година, во наведениот период освои две титули во Серија А.

Тренерската кариера ја започна во 2013 година во Хајдук Сплит, а има работено и во ПАОК, Карабукспор, Галатасарај, Удинезе, Верона, Марсеј и Лацио.

Текстот Јувентус среде ноќ му се јавил на Игор Тудор е превземен од МАКФАКС.