Интер го победи Феенорд со 0:2 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. На Холанѓаните им недостигаше повеќе цел еден тим, 14 играчи се повредени или суспендирани, па Интер оствари рутинска победа со головите на Маркус Турам и Лаутаро Мартинез.

По натпреварот, новинар го праша тренерот на Интер, Симоне Инзаги дали сега цели кон двојна круна (италијанското првенство и Купот на Италија).

Инзаги му одговори со кренати три прста. Тренерот на Интер, покрај првенството и Купот, верува и дека може да ја нападне и европската титула.

Интер моментално води во италијанскиот шампионат откако освои бод во многу важно првенствено дерби против Наполи и остана еден бод пред нив и три пред Аталанта.

Тимот на Инзаги во полуфиналето во Купот ќе игра против Милан.

Инзаги е тренер на Интер од 2021 година и го предводеше на 198 натпревари. Минатата сезона го освои италијанското првенство, два пати го освои Купот и три пати Суперкупот. Во Лигата на шампионите пред две години стигнаа до финалето каде загубија со 1:0 од Манчестер Сити.

Текстот Интер сезонава цели кон тројната круна е превземен од МАКФАКС.