Барселона со играч помалку, упсеа да ја победи Бенфика во Лисабон (1:0), во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите.

Барселона од 22.минута играше со фудбалер помалку, кога Кубарси доби црвен картон. Блауграна победи благодарение на голот на Рафиња во 61.минута и пред се на извонредниот Шчесни кој имаше осум одбрани.

Интересно, УЕФА не го препозна перформансот на полскиот голман, наградата за играч на натпреварот му ја врачи на Педри.

„Мислам дека заслужувам барем половина од наградата што ја доби Педри. Пред малку го прашав: „Во кој спорт сум јас кога бев прогласен за играч на натпреварот“? Сепак, најважно е што успеавме да победиме“, изјави Шесни по натпреварот на „Ла Луж“ во Лисабон.

Текстот Шчесни: Во кој спорт сум јас кога бев прогласен за играч на натпреварот? е превземен од МАКФАКС.