Еден од најомилените играчи во историјата на ракометниот клуб Вардар, Тимур Дибиров (41), вечерва во дресот на Загреб го одигра последниот меч во Лигата на шампионите. Поранешниот руски репрезентативец на крајот од сезоната ќе замине во пензија.
Загреб со минимален пораз од Кјелце (26:27) го заврши учеството во Лигата на шампионите. Дибиров постигна два гола, негови последни во елитното натпреварување кои два пати го освои во кариерата, како играч на Вардар, во сезоните 2016/17 и 2018/19.
Во кариерата настапуваше за Чеховски медведи (2004-2013), Вардар (2013-2022) и Загреб во последните три сезони.
За репрезентацијата на Русија, во периодот 2006-2020, одигра 215 постигна 747 голови.
Текстот Дибиров го одигра последниот меч во Лигата на шампионите е превземен од МАКФАКС.