Нејмар (33) во последните денови се почесто се поврзува со Барселона, клубот за кој настапуваше по доаѓањето од Сантос во 2013 година и каде остана до заминувањето во ПСЖ во 2017 година.
Каталонски „Спорт“, пишува дека тоа би можело да се случи доколку бразилскиот напаѓач ги исполни условите на шпанскиот клуб.
Веќе подолго време се пишуваше дека Барселона бара идеалното решение за позицијата лево крило, а во тој контекст се споменуваа и неколку играчи. Нико Вилијамс беше кандидат, Рафаел Леао исто така, како и Луис Дијаз.
Се споменуваше и Нејмар, но тој реши од Саудиска Арабија да се врати во Сантос.
Неговиот менаџер, Андре Кари потврди за „RAC 1“ дека постои можност Нејмар да се врати во Барселона и дека би бил воодушевен доколку му се укаже таква можност.
„Спорт“, пишува дека Барселона му поставила услов на Нејмар:
„Дај 15 гола и ќе разговараме за твоето враќање“.
Нејмар има три гола и три асистенции на седум првенствени натпревари откако се врати во Сантос. Тој е под договор до лето и би можел да се врати во Барса како слободен играч.
Нејмар, играјќи за Барселона, освои девет трофеи, од кои два во Ла Лига и еден во Лигата на шампионите. На 186 натпревари за Барса, тој постигна 105 голови и забележа 76 асистенции.
Текстот Барселона му порача на Нејмар: Дај 15 гола за Сантос и ќе разговараме е превземен од МАКФАКС.