Кошаркарот на Сакраменто, Домантас Сабонис, ќе биде надвор од терените на неодредено време откако ја истегна тетивата на натпреварот против Хјустон.
Сакраменто објави дека најдобриот скокач во лигата оваа сезона ја истегнал левата тетива и дека следната недела повторно ќе ја објават состојбата на Сабонис.
Сабонис се повреди ноќта меѓу саботата и неделата на натпреварот против Хјустон (113:103).
Оваа сезона Сабонис во 56 натпревари има просек од 19,5 поени, 14,1 скока и 6,2 асистенции по натпревар.
Текстот Сабонис ќе отсутвува поради проблем со тетивата е превземен од МАКФАКС.