Баерн Минхен се повлече од преговорите со Џошуа Кимих и нема да му понуди нов договор на капитенот, пишува „Билд“.
„На состанокот на Надзорниот одбор било одлучено да се напуштат преговорите бидејќи Кимих премногу се двоумела“, објави највлијателниот германски медиум.
Овој триесетгодишен фудбалер во Баерн пристигна во 2015 година од Лајпциг и оттогаш одигра повеќе од 400 натпревари за тимот од Минхен.
Кимих во Баерн заработува околу 20 милиони евра годишно, а новиот договор што му беше понуден подразбираше мало покачување на платата.
Одлуката на Баерн да се повлече од преговорите го вклучи алармот кај водечките европски клубови. Германските медиуми започнаа со лицитацијата каде Кимих ќе ја продолжи кариерата.
Според нив во пол-позицијата е Барселона, најмногу поради тренерот Ханси Флик, кој му беше тренер во Баерн и германската репрезентација.
Текстот Баерн се повлече од преговорите со Кимих – Капитенот ќе го напушти Минхен е превземен од МАКФАКС.