Фондацијата Лауреус одлучи да го отстрани Јаник Синер од листата на кандидати за престижната награда за спортист на годината што ја доделува.

Причината е тримесечната суспензија на италијанскиот тенисер.

Шон Фицпатрик, директорот на Лауреус, во изјава подетално ја објасни позадината на одлуката.

„По разговорите со Академијата Лауреус, одлучено е да се повлече кандидатурата на Јаник Синер за спортист на годината. Го следевме неговиот случај, одлуките на светските тела и веруваме дека тримесечната суспензија ја оневозможува неговата кандидатура. Јаник и неговиот тим се информирани“, стои во соопштението потпишано од Фицпатрик.

Листата на номинирани ќе биде објавена во понеделник на 3. март во Мадрид.

Синер беше позитивен два пати во март минатата година на забранетата супстанца клостебол, но беше ослободен од обвиненијата од страна на Меѓународната агенција за интегритет во тенис.

ВАДА ја обжали таа одлука пред Судот за спортска арбитража, а пред две недели се спогоди со Синер да добие три месечна суспензија.

Текстот Синер отсранет од изборот за спортист на годината е превземен од МАКФАКС.