Тренерот на Јувентус, Тиаго Мота не го криеше разочарувањето по елиминацијата од Емполи во четвртфиналето на Копа Италија. По натпреварот за италијанските медиуми изјави дека се срами.
Стратегот на торинскиот тим истакна дека неговите играчи не заслужиле да се пласираат во полуфиналето на ова натпреварување и дека тој најголем дел од вината за неуспехот.
„Не знам што да кажам по ваква игра, освен тоа што се се чувствувам засрамено, не толку многу заради резултатот што го постигнавме, туку заради играта што ја покажавме. Бевме далеку од нивото на натпреварувањето и клубот во кој се наоѓаме, и навистина се надевам дека и моите играчи чуватвуваат срам“, рече Тијаго Мота по натпреварот и дополни.
„Дресот на Јувентус е „тежок”, не е лесно да се игра во него од недела во недела, и затоа чувствувам голема вина и одговорност што не го подготвив подобро тимот. Тоа што го покажаа моите играчи во првото полувреме беше навистина лошо. Се надевав дека подоцна ќе ја видам реакцијата на тимот, но засрамен сум од она што го видов. Сето ова беше далеку од репутацијата на Јувентус“.
Текстот „Се надевам дека играчите се срамат од поразот од Емполи“ е превземен од МАКФАКС.