Фудбалерите на Нотингем Форест ремизираа со Арсенал на „Сити Граунд“, 0:0 во 27. коло од Премиер лигата. Мначестер сити победи кај Тотенхем (1:0), Манчестер јунајтед со фудбалер помалку го победи Ипсвич (3:2), а Брентфорд и Евертон ремизираа (1.1).
Арсенал имаше иницијатива, но не успеа да создаде сериозни шанси. Најдобрата „тобџиите“ ја имаа во 23.минута кога калафиори ја погоди стативата.
Во следната рунда Нотингем Форест треба да се соочи со Манчестер сити на гости, додека Арсенал ќе биде домаќин на Манчестер Јунајтед.
Манчестер јунајтед ги преживеа глупостите на зимското засилување од Лече, Патрик Доргу и го совлада Ипсвич.
Екипата на Ипсвич поведе по големата грешка на Доргу, стрелец беше Џејден Филогијан. Сепак, избраниците на Рубен Аморим релативно брзо го свртеа резултатот, во период од само четири минути. Најпрво автогол си постигна капитенот на гостите Сем Морси, а потоа дефанзивецот на Јунајтед, Матијс де Лигт ја испрати топката во мрежата на Ипсвич за 2:1.
Сепак, во 43. минута Доргу доби црвен картон поради прекршокот над Омари Хачинсон.
Гостите брзо ја искористија предноста и го израмнија резултатот пред паузата со уште еден гол на Филогијан.,на асистенција на поранешниот играч на „црвените ѓаволи“ Аксел Туанзебе.
Сепак, и со играч помалку Јунајтед е подобар од Ипсвич, а тоа го потврди и голот на Хари Мегваер на самиот старт од вториот дел.
Ерлинг Халанд се врати во тимот на Манчестер сити по повредата на коленото, поради која не играше против Реал Мадрид (1:3) и Ливерпул (0:2).
Му беа потребни само 12 минути за да постигне гол.
Текстот (Видео) Јунајтед со играч помалку го победи Ипсвич, Арсенал освои само бод кај Нотингем, Сити го победи Тотенхем е превземен од МАКФАКС.