Фото/ facebook.com/@FKVardarSkopje

Вардар, Струга, Шкендија и АП Брера изборија пласман вополуфиналето во Купот на Македонија. Првите три тима забележаа минимални победи над опонентите Силекс, Гостивар и Детонит, додека АП Брера по изведувањето пенали го победи Арсими.

Вардар до место меѓу најдобрите четири екипи во Купот дојде со триумфот над Силекс. Голот за победа го постигна Донгмо во 68.минута.

Актуелниот шампион на Македонија Струга го победи Гостивар со голот на Крхинде во 48.минута.

Шала со голот во 23.минута и ја обезбеди победата на Шкендија кај вторлигашот Детонит. Победата на Шкендија можепе да биде изразена со уште еден гол, но Адеми во 26.минута промаши пенал.

Најмногу драма имаше во Струмица. Во регуларниот дел АП брера и Аслани одиграа 1:1, а по изведувањето пенали домашните славеа со 4:3.

Текстот Вардар, Шкендија, Струга и АП Брера изборија пласман во полуфиналето е превземен од МАКФАКС.