Фудбалерите на Челзи убедливо го совладаа Саутемптон со 4:0 (3:0), во 27.коло во Премиер лигата.
Без сомнение, Челзи го забележа најлесниот триумф сезонава, против најслабиот тим во лигата.
Серијата на „Стемфорд Бриџ“ ја отвори Кристофер Нкунку во 24. минута, а по 12 минути Нето го удвои водството за сините.
На минута пред паузата Колвил зголеми на 3:0, а во вториот дел Марк Кукуреља стави точка на натпреварот во 78. минута.
Челзи повторно влезе во зоната на Лигата на шампионите и моментално е на четвртото место со 46 бодови.
Саутемптон останува убедливо последен со само девет бода.
Премиер лига, 27 коло:
Брајтон – Борнмут 2:1 (1:0)
/Педро 12, Велбек 75 – Клајверт 61/
Кристал Палас – Астон Вила 4:1 (1:0)
/Сар 29, 71, Матета 59, Нкетија 90+1 – Роџерс 52/
Вулверхемптон – Фулам 1:2 (1:1)
/Гомеш 18 – Сесењон 1, Муниз 47/
Текстот (Видео) Челси лесно со најлошиот тим во лигата, Палас ја декласира Астон Вила е превземен од МАКФАКС.