Фудбалерот на Јувентус, Душан Влаховиќ ја одбил понудата на Фенербахче бидејќи сака летово да се пресели во некој од премиерлигашките клубови, објавија денеска италијанските медиуми.
„Тутоспорт“, објави дека Фенербахче е подготвен да му понуди на Влаховиќ плата од 12 милиони евра годишно од сезоната 2025/2026, колку што моментално заработува во Јувентус, но 25-годишниот српски репрезентативец не е заинтересиран да замине во Турција.
Влаховиќ се надева дека ќе добие понуда од Премиер лигата на крајот на сезоната.
Влаховиќ не постигнал договор со Јувентус за продолжување на соработката, поради што клубот има намера да ги слушне понудите од заинтересираните клубови.
Српскиот репрезентативец е најдобар стрелец на Јувентус оваа сезона, а во неделата првпат беше стартер во Серија А во 2025 година. Го постигна единствениот гол на натпреварот.
Поранешниот играч на Партизан и Фиорентина на 31 натпревар сезонава постигна 14 гола и имаше две асистенции.
Текстот Влаховиќ чека понуда од Премиер лигата е превземен од МАКФАКС.