Фото/ facebook.com/hceurofarmpelister

Еурофарм Пелистер го декласира Алкалоид со 33:20 (16:11) и доколку не се случи нешто непредвидено во последните три кола од регуларниот дел на сезоната, во плејофот ќе влезе од првата позиција пред Вардар и вечерашниот ривал.

Пелистер на Алкалоид му покажа кој е актуелен шампион. Наметна ритам кој играчите на Алкалоид не можеа да го следат.

Фуризоно отвори Пелистер со 5:1, набргу стекна предност и од пет гола, а Алкалоид малку се доближи кога со серија од три гола намали на 12:9. Но Плеистер одговори со иста мерка, а на полувреме домшните водеа со 16:11.

Во вториот дел, впечатокот е дека домашните уште повеќе го засилија темпото, направија серија 6:1 со која прв пат стекнаа двоцифрена предност (24:14). До крајот разликата ја зголемија за уште три гола.

Кузмановски со 11 и Радивојевиќ осум гола ги предводеа домашните, на чии гол повторно блескаше Митревски со 12 одбрани (осум во второто полвреме). Најефикасен играч на Алкалоид беше Серафимов со осум гола.

На табелата Пелистер, Вардар и Алкалоид имаат по 34 бода. На мини табелата меѓу овие три тима Пелистер има гол разлика +5, Вардар 0, а Алкалоид -5.
Ова значи дека доколку во последните три кола вовие три екипи ги забележат планираните победи, во плејофот Пелистер ќе влезе со три, а Вардар и Алкалоид со по два бода.

Текстот Пелистер го декласира Алкалоид и ја презеде челната позиција на табелата е превземен од МАКФАКС.