Дестани Ајава, австралиска тенисерка, на 24-годишна возраст реши да стави крај на кариерата.
Поради огромната количина на омраза, па дури и смртни закани, таа одлучи дека и е доста.
Одлуката ја донела откако загуби од Габриела Кнутсон со 6:4, 3:6, 7:5 во финалето на ИТФ турнирот во Прага. Вообичаено, оние кои се обложуваат на спортски резултати први пишуваат ужасни пораки, први пцујат, навредуваат и се закануваат.
„Донесов одлука да се повлечам поради пораките со омраза (мизогинија) и смртните закани што ги добивам по секој изгубен натпревар“, рече Ајава.
Во моментот кога го напушти тенисот, таа беше на 169. место во светот, а во текот на 2017 година стигна до 147. позиција.
Текстот Тенисерка ја заврши кариерата на 24 години поради смртни закани е превземен од МАКФАКС.