Фото/ kfsm.mk

Исланд синоќа со победата над Турција ја комплетира листата учесници на Европското првенство во кошарка и воедно ја комплетира листата на национални тимови кои во август оваа година ќе играат претквалификации за пласман во квалификацискиот циклус за Светското првенство во 2027 година.

Во претквалификациите за Мундијалот во 2027 година ќе играат 12 селекции, меѓу нив е и Македонија.

Можни противници на македонската репрезентација се : Хрватска, Украина, Бугарија, Холандија, Унгарија, Данска, Словачка, Австрија, Норвешка, Романија и Швајцарија.

Претквалификациите ќе се одржат од 2. до 20.август. Ќе бидат формирани четири групи со по три селекции, а првите две од секоја група ќе се пласираат во следната фаза.

Текстот Кошаркарите ги дознаа можните противници во претквалификациите за СП е превземен од МАКФАКС.