Фудбалерите на Наполи ја продолжија серијата неуспешни резултати во овој дел од сезоната, загубија со 2:1 на гостувањето кај Комо. Шест дена пред дербито, Наполитанците му ја препупштија челната позиција на Интер.

Наполи се наоѓа во серија на ужасни резултати, на последните четирир натпревари нема победа, три пати одигра нерешено и загуби од Комо. Последниот триумф во Серија А, Наполи го оствари на 25.јануари против Јувентус.

Дека дуелот на стадионот крај езерото Комо нема да го паметат по добро избраниците на Антонио Конте навестија по само седум минути игра.

Во седмата минута Амир Рахмани си постигна комичен автогол. Десет минути траеше радоста на домашниот тим, кога нивната предност ја поништи Џакомо Распадори.

Првата сериозна шанса Наполи ја имаше во второто полувреме преку Скот Мектоминеј, но ударот на шкотскиот фудбалер го прочита Буте и успеа да одбрани.

Во 75. минута Ангиса од добра позиција лошо шутираше, право во голманот Буте.

Само две минути подоцна Комо поведе со 2:1 откако Асане Диао го совлада Мерет. Младиот напаѓач, во зимскиот преоден рок дојде во Комо, го постигна петтиот гол на осмиот одигран натпревар.

Последната шанса да избегне пораз, Наполи ја имаше во судиското надополнување, ударот на Рахмани заврши за десетна сантиметри карај десната статива.

Текстот (Видео) Комичен авто гол на Рахмани, пораз на Наполи во Комо е превземен од МАКФАКС.