Ливерпул, во средата киксна кај Астон Вила (2:2), но и покрај тоа ја зголеми предноста во однос на Арсенал на табелата во Премиер лигата. Арсенал, во 26.коло, загуби ов градското дерби од Вест Хем (0:1). Интересно, гостите победија на петте натпревари кои се одиграа во терминот од 16 часот.

Немаше многу возбудувања во првото полувреме на „Емирати“ во Лондон. Вест Хем со добра дефанзива држеше реми до финишот на првиот дел. Во 44.минута Ван-Бисака го проигра Џерод Бовен, а тој им донесе водство на гостите.

Домашните тргнаа поофанзивно во вториот дел, имаа иницијатива и шанси, но не успеаја да постигнат гол.

Сите шанси за евентуален пресврт на Арсенал му ги уништи младиот Луис-Скели, кој доби директен црвен картон во 73. минута, неполни 20 минути по влегувањето на теренот.

Арсенал на табелата сега има осум бода помалку од Ливерпул.

Резултати:

Бурнмут – Вулверхемптон 0:1 (0:1)
/Куња 36/

Фулам – Кристал Палас 0:2 (0:1)
/Андерсен 37, Муњос 66/

Ипсвич – Тотенхем 1:4 (1:2)
/Хачинсон 36 – Џонсон 18, 26; Спенс 77, Кулушевски 84/

Саутемптон – Брајтон 0:4 (0:1)
/Педро 23, Ритер 57, Митома 71, Хиншелвуд 82/

Текстот (Видео) Бовен го шокира Арсенал, Вест Хем победи на „Емирати“ е превземен од МАКФАКС.