Судот во Вупертал, Германија, осуди тројца мажи на затворски казни поради обид за уцена на семејството на легендарниот седумкратен светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер.
Дојче веле пренесува дека 53-годишниот Јилмаз Т. добил тригодишна затворска казна поради закана дека ќе ги објави приватните податоци на славниот Германец и неговото семејство на „dark web“ доколку семејството на Шумахер не им плати на уценувачите 15 милиони евра, додека неговиот 30-годишен син Даниел Л. ќе помине шест месеци зад решетки поради соучесништво.
Ова вклучува 900 фотографии, 583 видеа и сите податоци за здравствената состојба на Шумахер.
Поранешниот член на обезбедувањето на семејството Шумахер, Маркус Ф., е осуден на две години затвор затоа што продавал фотографии на уценувачи за наводна петцифрена сума пари.
Таткото, кој работел како обезбедување во ноќен клуб во Констанц, германски град на границата со Швајцарија, изразил каење по почетокот на судењето.
Познато е дека 56-годишниот Шумахер се здобил со сериозна повреда на мозокот по пад на скијање на француските Алпи во 2013 година.
Неговата здравствена состојба оттогаш не и е позната на пошироката јавност, бидејќи членовите на неговото семејство вешто кријат информацијата од медиумите, иако се шпекулираше дека се појавил на свадбата на неговата ќерка.
Текстот Затворски казни за уценувачите на семејството Шумахер е превземен од МАКФАКС.