Фудбалерите на Клуб Бриж на домашен терен ја совладаа Аталанта со 2:1, во плејофот од Лигата на шампионите.
Бриж беше подобар во поголемиот дел од натпреварот, но свои шанси за победа имаше и Аталанта.
Бриж, агресивно влесе во мечот и таквата определба му донесе предност по 14.минути игра. По грешката на дефанзивците на Аталанта, Талби ја пресече ропата, веднаш му асистираше на Ѓутла, кој реагираше мајсторски и погоди за 1:0.
Аталанта , по 25 минуита ја презеде контролата врз натпреварот, но притисокот вроди со плод дури во 41.минута. Запакоста нафрли, а Пашалиќ со глава погоди за 1:1.
Во вторито дел Аталанта имаше две големи шанси за водство но не успеа да ги реализира, најпрвин Запакоста, а потоа Самарџиќ.
Мечот беше решен в судиското надополнување, кога германецот Мелер покажа на белата тошшка за Бриж. Неговата одлука ќе биде предмет на анализи, а истата предизвика гнев кај сите во Аталанта. Хиен немаше намера да го собори Нилсон, но во обид да ја загради топката го удри со рака во лицето, а судијата покажа на белата точка.
Нилсон го реализираше пеналот, а тренерот на Аталанта Гасперини демонстративно го напушти теренот и замина во соблекувалната.
Реваншпт во Бергамо на приограмата е за шест дена.
Текстот (Видео) Бриж во 94.минута од пенал ја победи Аталанта е превземен од МАКФАКС.