Пишува: Владимир Перев
- Србија како лакмус
Цела Србија е на нозе. Прво стана младината и студентите, потоа им се придружија учениците, потоа универзитетските и гимназијалните професори, за сето тоа да се движи до бескрај, со учество и на пензионерите. Поводот е бизарната несреќа на Новосадската железничка станица на која животот го загубија 15 души, но вистинската причина е бескрајната корупција во српското општество, таа рак-рана на Србија и повеќето земји излезени од прегратките на воениот комунизам во деведесетите години. Властите во Македонија не ја споменуваат ситуацијата со демонстрациите во Србија, а медиите пренесуваат скромно, внимателно и со намален обем. Проклетството на стравот од Србија и српските политичари, обврзаноста на македонските политичари со „виртуелниот“ српски свет, кој овде кај нас станува реалност, ја блокираат секоја пројава на поддршка на српската младина и на целиот српски народ, во нивната оправдана и херојска борба за ослободувањето на земјата од корупцијата, ретроградната политика на авторитаризам и барања за приближување кон Европа. Србија и Вучиќ, „најголемите пријатели на Македонија и македонскиот народ“, се поставени на маргините на информирањето. Стравот, исконскиот страв вметнат насилно во македонскиот човек и традицијата на осумдесетгодишното српско ропство, ја блокираат секоја јавна поддршка на праведното дело на демонстрантите во Србија. Македонија е окована во веригите на сопствената покорност. Србија и српската политика се нашиот лакмус-од завршетокот на слободарската епопеја во Србија, ќе зависи и слободата на духот на македонецот. „Смачкано племе“, како би рекол нашиот Блаже Конески…тој веројатно најдобро нѐ познавал!
2. Правосудно-обвинителските глупости
И Македонија е во борба со корупцијата. Анкетите говорат дека судството има само 2% доверба кај населението, а тука некаде е и Јавното обвинителство. Се пишува и говори за висок степен на коруптивност. Аларм! Несреќата на младата Фросина Кулакова која беше прегазена на пешачки премин во центарот на Скопје, од пијан млад човек без возачки документи, дојде како „сол на лута рана“, но и даде поттик за брзо дејствување. Владата процени дека коруптивноста во судско-обвинителската фела може да биде надмината со разрешувањето на советите на тие две институции. Така почнуваат проблемите. Правниците од Судскиот и Обвинителскиот совет не ја прифатија констатацијата за нивна вина во целокупната корумпираност на општеството и не дозволуваат да бидат разрешувани. Законот ги штити. На дел од нив ќе им биде изгласана недоверба во Парламентот, но тие немаат обвска да ја приватат „парламентарната осуда“. Остануваат на функциите. Репликата е јасна-тие, судиите и обвинителите се продукт на општествените коруптивни состојби и не можат и не сакаат да ја понесат одговорноста за целокупното наше општество. Тоа не значи дека се невини, тоа само значи дека се политизирани и партизирани како и целото општество. Затоа сме таму каде што сме. Поучителен е случајот со Обвинителниот предлог на Основното јавно обвинителство во Битола, против Љупчо Георгиевски, основачот на културниот клуб “Иван Михајлов“ од Битола. Обвинителството во своето писание го обвинува дека
„разгорил чувства на о м р а з а и нетрпеливост с п р е м а претставниците
на евреската задница во Македониа и припадниците на македонскиот
н а р о д к о и ч у в с т в а ги п о т т и к н у в а л лично за в р е м е на сводот ж и в о т и самиот Иван (Ванчо) Михалов како соработник на Анте Павелик, Мусолини и Адолф Хитлер и поддржувач на фашистичката и нацистичка идеологиа коа довела до скоро целосно истребуваье на Евреите од Македониа, односно како дед од неговото константно негиране на п о с е б н о с т а н а м а к е д о н с к и т н а р о д, со кои дествиа обвинетиот сторил едно продолжено кривично дело…потоа На 13.08.2022 година, на бугарски азик обвинетиот како
администратор обзавил текст со содржина Долу експонентите на Србизмот, Димитар Влахов, Лазар Колишевски и Михало Апостолски и нивните другари…“
Да појасниме: Ванчо Михајлов ја напушта Пиринска Македонија во мај 1934 година и сѐ до својата смрт не се враќа овде, со исклучок на дводневнот престој во Скопје меѓу 3 и 5-ти септември 1945 година. Живее во Цариград, Варшава, Будимпешта, Загреб и Рим. Ги познава сите дејци на војната, од двете страни на барикадите. Се сретнувал со шефот на разузнавачката служба на Третиот рајх Валтер Шеленберг, бил пријател со Кемал Ататурк и Анте Павелиќ. Во Вардарска Македонија бил само два дена од неговиот живот по 1914 година. Каде може да се најде дека тој бил виновен за погромот на Евреите во Втората светска војна или негово учество во Холокаустот. Напротив, дејци на ВМРО учествуваат во спасувањето на бугарските евреи. Дали некој го барал за воени злосторства, дали имало акт против него, дали некаде се криел или нешто пишувал против евреите и еврејството?!
Моето семејство по мајка е во Битола од 1840-1850 година. Дојдени се од селото Српци Беранци. Прво во Јени Маале, потоа Чифте Фурни, за потоа да сме до црквата Св. Богородица, на поранешната улица Ѓуро Ѓаковиќ. Ја знам зградата на Пионерскиот дом, поранешната Милиција и ја познавам улицата Рузвелтова. Точно е дека таму имало еврејски куќи и населени евреи, но тоа е далеку од некакво Еврејско маало. Се знае каде било Еврејското маало, а се знае кој живеел на потегот од Поштата до Митрополијата во Битола, и околу црквата. Се знае и како се вика училиштето во црковниот двор и кој учел и учителствувал таму…исто како што се знае кои биле жителите околу старата битолска болница и сегашната улица Белградска. Подобро да не ги отвораме тие теми полни со омраза и недоречености. Тоа најмалку треба да го прави обвинителството од Битола, да отвора процеси на национална омраза под предтекст за заштита на македонскиот и еврејскиот народ. Жални сме ние, ако обвинителството не брани! Потоа, Владата им е виновна кога сака да направи класична чистка!
3. Непостоечките бугарски преговори
Македонско-бугарските средби на маргините на некакви европски собитија, стануваат редовна тема во нашите медии. Измешани и нејасни се термините разговори-преговори. Да, точно е дека во името на добрососедските односи, секогаш треба да има разговори меѓу политичарите и функционерите на двете држави. Оние бизнисмените и магнатите, редовно се среќаваат и си говорат и договараат меѓу себе, ним не им требаат државните поддршки. Треба да биде јасно дека во РАЗГОВОРИТЕ НЕМА ДА ИМА ПРЕГОВОРИ, нема да има додоговарање или слични нешта. Не знам за кај нас, ама во Бугарија има позиција на сите парламентарни партии и никој нема легитимација да (ре)преговара нешто. Позициите се јасни и Бугарија очекува исполнување на условите. По внесувањето на бугарите во Уставот, почнуваат преговорите околу исполнувањето на другите услови. Имам претчувство дека бугарските културни клубови во Македонија, вклучително и “Ванчо Михајлов“ и “Цар Борис Трети“, ќе сакаат да земат учество во проценката на реализацијата на условите од ЕУ, синтетизирани во ткн. Француски предлог.
Не без причина сите наши погледи се вперени кон Србија и маршот на студентите. Од падот на авторитарниот коруптивен и националшовинистички режим на Вучиќ, ќе зависи и нашата блиска иднина, нашето правосудие и развојот на нашата кревка, “корумпирана“ демократија. Така сме одбрале да ја учиме историјата!