Се додека не стане слободен играч на крајот од сезоната 2024/25. Василије Мициќ нема намера да ја напушти НБА.

Мициќ минатата недела во размена меѓу Феникс и Шарлот се пресели во Аризона. За Феникс се уште не дебитирал, поради повредата на левиот зглоб.

На прес-конференцијата на која беше претставен како нов играч на Феникс, Мициќ зборуваше токму за тоа:

„Искрено, ниту еден момент не размислував за враќање во Европа се додека имам договор со НБА“.

Се зборуваше за потенцијалното враќање на Мициќ во Европа. Се шпекулираше дека за него се интересираат Анадолу Ефес и Панатинаикос, но Мициќ засега не размислува за тоа.

„Причината поради која дојдов овде беше дефинитивно личен предизвик, излегувањето од мојата комфорна зона. Искрено, не очекував вакво нешто. Се додека имам договор ќе останам во НБА и ќе бидам целосно посветен на ова“, изјави српскиот кошаркар.

Мициќ прво пристигна во Оклахома од Ефес, ја започна сезоната 2023/24, а во јануари, во последните часови од преодниот рок Тандер го испратија во Шарлот.

Текстот Мициќ: Ќе останам во НБА сè додека имам договор е превземен од МАКФАКС.