Транспарентот на трибините на „Етихад“ пред почетокот на натпреварот Манчестер сити-Реал Мадрид прувлече големо внимание.

„Престани да плачеш (Stop crying your heart out) и слика на Родри со Златната топка, логично сите ги асоцираше на Винисиус Жуниор. Бразилецот, барем според медиумите и неговиот клуб беше главниот фаворит за Златната топка, на крајот таа заврши во рацете на фудбалерот на Манчестер сити, а Реал ја бојкотираше церемонијата на доделувањето.

„We are 1984“, навивачката група на Сити која го создаде транспарентот и го развиори на јужната трибина на „Етихад“, поттикнати од бројните толкувања дека пораката на транспарентот е наменета за Винисиус, се обрати до јавноста еден часот по полноќ.

„Никој во медиумите не сфати дека личноста на која и е упатена пораката на транспарентот воопшто не беше на теренот. Праката му беше наменета на Флорентоно Перез. Тој беше човекот кој ја започна кампањата за оцрнување на Родри и бојкот на Златната топка. Пораката треба да се испрати без оглед на резултатот од натпреварот”.

Инаку, „Stop crying your heart out“ е позната песна на култниот манчестерски бенд „Oasis“, чии водачи, браќата Ноел и Лиам Галагер, се големи фанови на Сити.

Текстописецот Ноел одамна објасни дека сакал да испрати порака, дека со животот треба да се продолжи дури и во тешки времиња и дека била упатена до пријател кој поминувал низ тешка ситуација со своите деца.

Текстот Навивачите на Сити: Пораката „Престани да плачеш“ не е за Винисиус е превземен од МАКФАКС.