Министерката за образование Мила Царовска вели дека покрај првоодделенчињата, новата учебна година в септември по нов модел треба да ја почнат учениците од четврто одделение.

Царовски смета дека интеграцијата под различните теми ги исплашил наставниците, кои откако добиле објаснување кај нив се намалува стравот.

„Можеби се размислуваше да се оди прво и шесто, сега некои и од работната група и од другите засегнати страни, дискутираат дека веќе се изгуби одреден период, првиот месец отиде и ќе влеземе во февруари – дали да одиме само со одделенска прво и четврто, да покажеме дека системот може да го издржи овој нов реформски пристап и да во 2022 година со шесто, истакна Царовска.

Во наредните пет дена сите засегнати страни ќе можат писмено да поднесуваат предлози и сугестии  до МОН околу концептот, а во наредните две недели дебатата ќе заврши.

Претседателот на ЗЕЛС и градоначални на Скопје Петре Шилегов вели дека концептот можеби предвидува малку поинаков пристап, но дека образованието не смее да тапка во место.

„Ова е сепак една стручна дебата, а ние како одговорни лица по институциите сме должни да го изнајдеме оптималниот систем и оптималниот начин бидејќи 20-тина години од сега дечињата кои се во основно образование ќе бидат токму носители на општеството,“ вели Шилегов.

За новиот модел најжестоки критики дојдоа од историчарите кои одбиваат историја да се учи заедно со географија и граѓанско како еден предмет. Царовска и натаму тврди дека интеграцијата на предметите не значи ниту нивино укинување, ниту отпуштање на наставници.