Денис Шрудер пред неколку дена го нарече самоволието на клубовите кога е во прашање периодот за „тргување“ со играчи во НБА „модерно ропство“. А потоа, во рок од 24 часа, „на своја кожа“ почувствува како функционираат работите. Неверојатно е дека за само 24 часа, Шрудер смени четири франшизи.

МВП на претходниот Мундијал ја започна сезоната во Бруклин Нетс, кој пред еден месец го трејдуваше во Голден Стејт Вориорс.

Пред неколку дена, шокантниот трејд на Лука Дончиќ за која сите зборуваа, Шрудер имаше многу јасен став:

„Ова е модерно ропство. И покрај тоа што имате договор, секој може да одлучи каде ќе одите. Се разбира, заработуваме многу, но кога се ќе се сведе на тоа, ако ти кажат – не доаѓај утре на работа, те пративме на друго место, тоа значи дека тие одлучуваат за се. Тоа би требало малку да се смени“.

А потоа сè се смени за германскиот кошаркар, и тоа повеќе пати за само 24 часа.

Вориорс прво го испратија во Мајами во замена за Џими Батлер, но Мајами веднаш го препрати во Јута во истиот трејд.

Шрудер дури се загреваше и се надеваше дека ќе дебитира за Јута кога го повикале во соблекувалната и го известиле дека е разменет во Детроит.

Текстот Тргувањето во НБА го нарече модерно ропство, па на своја кожа почувствува како функционираат работите е превземен од МАКФАКС.