Иако Ерлинг Халанд неодамна го продолжи договорот со Манчестер Сити на 9,5 години, „граѓаните“ на лето би можеле да останат без него.
Сити пред неколку недели потпиша со Халанд долгорочен договор, до 2034 година, според кој Норвежанецот добива повеќе од 600.000 евра неделно.
Клубот од „Етихад“ доста добро се обезбеди, бидејќи во договорот нема откупна клаузула до 2029 година, па дури потоа ќе биде активирана за сите клубови, но не е познато колку изнесува обесштетувањето.
Сепак, за Сити не е сè така идеално, во договорот сепак има една проблематична ставка за „граѓаните“.
Има еден услов под кој Норвежанецот може да го напушти клубот без Манчестер сити да поставува премногу прашања.
Како што ексклузивно открива „Ел Насионал“, Халанд се обезбедил доколку клубот не обезбеди место во Лигата на шампионите следната година.
Доколку Сити не заврши меѓу четирите најдобри во Премиер лигата, а моментално е петти, Халанд има посебна клаузула во договорот која му овозможува да преговара со други клубови.
Сити моментално има големи резултатски проблеми и пласманот во Лигата на шампионите не е загарантиран, па не е ниту останувањето на Халанд на „Етихад“.
Особен страв предизвикува судењето по 115 точки од обвинението за Манчестер сити, чиј исход треба да биде познат во март.
Доколку на Сити му се одземат бодовите или се соочи со уште построга казна, сигурно е дека тимот нема да игра во Лигата на шампионите следната сезона, што му ја отвора вратата на Халанд да го напушти „Етихад“.
Текстот Сити (сепак) може да остане без Халанд е превземен од МАКФАКС.