Роберт Левандовски потпиша нов договор со Барселона, но клубот не сакаше јавно да ги соопшти деталите од договорот, што ги натера шпанските медиуми да почнат да ги истражат финансиските детали од договоорт.
Славниот напаѓач потпиша нов договор со каталонскиот клуб до крајот на јуни 2026. Многу се пишуваше за условите на договорот под кои ќе ја игра четвртата сезона во дресот на Барселона.
Според некои информации, Левандовски ќе мора да пропушти одреден број натпревари за автоматски да го продолжи договорот на четврта година.
Левандовски во новата сезона ќе заработи 26 милиони евра бруто, колку и минатата сезона. Во првата година од договорот тој се согласи на фиксни 20 милиони евра, додека оваа година е таа во која е најдобро платен, 32 милиони евра бруто.
Полскиот напаѓач веќе настапи на 31 од 34 натпревари, а Барселона оваа сезона може да одигра вкупно 51 натпревар.
Текстот Откриени нови детали од договорот на Левандовски е превземен од МАКФАКС.