Фудбалерите на Барселоа до врв ја наполнија мрежата на Столе Димитриевски и се пласираа во полуфиналето на Купот. Вечерва на „Месталја“ во Валенсија, Барселона го победи домашниот тим со 5:0. Покрај Барселона место во полуфиналето претходно изборија Атлетико и Реал, односно Реал Сосиедад.

Барселона за 30 минути ја прегази Валенсија, нешто слично избраниците на Ханси Флик направија пред две недели кога во првенството го победија овој противник со 7:1.

Валенсија ја закопа нејзниот поранешен играч, Феран Торес кој во првото полувреме постигна три од четирите гола.

Торес го совлада Димитриевски во третата, 17. и 30.минута/ Покрај Торес стрелци за Барселона беа и Фермин во 23., односно Јамал во 59.минута.

Текстот (Видео) Феран Торес постигна хет-трик, Барселона уште еднаш ја декласира Валенсија е превземен од МАКФАКС.