Фото/ fiba
Женската кошаркарска репрезентација на Македонија доживеа тежок пораз во Белгрд од Србија, во петтото коло, во квалификациите за пласман на Европското првенство. Србија во салата „Александар Николиќ“ победи со 105:60. Србија со една нога зачекори на ЕП кое од 18. до 29. јуни оваа година ќе се игра во Германија, Италија, Грција и Чешка, додека Македонија го доѓивеа и петтиот пораз.
Србија ја оправда фавористската улога во дуелот со македонските девојки, кои добро се држеа само во првите 15 минути.
Србинките ја добија првата четвртина со 27:17, Македонија успеа да се врати во мечот во 12.минута (29:24). Тоа беше се од македонските кошаркарки. Србија повторно го засили ритамот дојде до 43:27, а на полувреме беше 51:31.
На крајот од третиот период Србија имаше предност од 25 поени, а последната четвртина ја добија со 31:11.
Најдобри кај Македонија беа Анџелика Митрашиновиќ со 17, Александра Стојановска со 16 поени и Мерит Хемпе и Илина Селчова со по десет поени. Србија со по 21 поен ја предводеа Ивон Андерсон (10 асистенции) и Јована Ногиќ.
Текстот Тежок пораз на македонските кошаркарки во Белград е превземен од МАКФАКС.