Дерби натпреварот на денешниот ден од Светкото првенство кое се одржува во Египет и припадна на Франција која со 28:24 ја совлада Норвешка.
Французите со победата над Норвешка покажаа дека и без својот најдобар играч, Никола Карабатиќ не смеат да се отпишат. Првото полувреме помина во израмнета игра на двете селекции, Норвешка ниту еднаш не се најде во водство, но затоа на одмор се замина со 13:13.
Во второто полувреме, „триколорите“ заиграа далеку подобро и овој пат не ја испуштија предноста како што беше случај во првиот дел. Откако победоа со 18:15, Норвешка возврати со мини серија од 0:3, но потоа Французите направија серија од 8:2 и ги решија дилемите околу победикот.
Најпрецизен во францускиот тим беше Мае кој постигна девет гола, додека кај Норвежаните, Сандер Сагосен даде дури 11 гола.
Селекцијата на Португалија со 25:23 го совлада Исланд кој на Мундијалот игра без својот најдобар ракометар Арон Палмарсон. Португалците победата ја обезбедија во последните 15-тина минути од натпреварот кога поведоа со 22:18 и успеаја да ја сочувааат до крајот на натпреварот. Соареш постигна шест гола за Португалија додека Елисон даде исто така шест гола за Исланд.
Најубедливиот триумф денеска го оствари Словенија која со 51:29 ја торпедира Јужна Кореја, додека Швајцарија која исто како и Македонија вчера доби покана за настап по откажувањето на САД, ја совлада Австрија со 28:25.
Резултати:
Група Е
Австрија – Швајцарија 25:28
Норвешка – Франција 24:28
Група Ф
Алжир – Мароко 24:23
Португалија – Исланд 25:23
Група Г
Шведска – Македонија 32:20
Група Х
Белорусија – Русија 32:32
Словенија – Јужна Кореја 51:29