Манчестер Сити, во зимскиот преоден рок потроши 180 милиони фунти (206 милиони евра) за четири засилувања, останатите 19 премиерлигаши потрошија 177 милиони фунти за нови играчи.

Зимскиот преоден рок во Англија заврши, а во фокусот на вниманието беше Манчестер сити. На „Граѓаните“ не им е лесно оваа сезона, моментално се петти на табелата со 15 бода помалку од лидерот Ливерпул, што донекаде ги објаснува активностите на трансфер пазарот што ги презеде менаџерот Пеп Гвардиола.

„Клубот на Гвардиола потроши 180 милиони фунти за четири засилувања во јануари, останатите 19 премиерлигаши потрошија 177 милиони фунти за нови играчи“, обајви британскиот јавен сервис, Би-би-си.

Аргентинецот Нико Гонзалес официјално потпиша неколку минути пред полноќ и тој е најновото, четврто засилување на Сити оваа зима. Тоа беше и најголемиот трансфер во Англија во последниот ден од преодниот рок. Порто ќе добие отштета од 50 милиони фунти (околу 60 милиони евра).

Претходно од Ајнтрахт Франкфурт пристигна Египќанецот Омар Мармуш за 59 милиони фунти (околу 70 милиони евра), Узбекистанецот Абдукодир Хусанов од Ленс за 33,6 милиони фунти (околу 40 милиони фунти) и Бразилецот Витор Реис од Палмеирас за 29,6 милиони фунти (околу 36 милиони евра).

Во исто време, тоа е второто најголемо трошење на еден клуб во зимскиот преоден рок досега. Челзи во 2023 година, потроши рекордни 330 милиони евра (275 милиони фунти) на нови играчи.

Текстот Манчестер сити потроши повеќе од сите 19 премиерлигаши заедно е превземен од МАКФАКС.