Најдобриот играч на Работнички во првиот дел од сезоната, Али Регба, кариерата ќе ја продолжи во Марибор.

Марибор ја доби трката со ТСЦ од Бачка Паланка за потписот на Алжирецот со ирски пасош. Српскиот клуб на Работнички му понудил 50.000 евра, а Марибор три пати поголема сума.

Регба е најзаслужен за добрите резултати на Работнички во есенскиот дел од сезоната, постигна седум гола и забележа пет асистенции.

Регба во Работнички пристигна минатиот февруари.

Текстот Работнички остана без најдобриот играч – Регба се пресели во Марибор е превземен од МАКФАКС.