Одбојкарската репрезентација на Македонија очекувано со 3:0 во сетови и тоа со 25:20, 26:24, 25:13 ја совлада БиХ на вториот квалификациски турнир за пласман на ЕП.
Одбојкарите пред стартот на вториот турнир кој исто така се игра во Арената „Борис Трајковски“ мораа да слават над БиХ и тоа го остварија, и сега во сабота против Труција ќе играат за пласман на ЕП.
Првиот сет започна со два поени на нашите одбојкари кои предноста од „брејк“ поен ја чуваа до 16:16 кога одбојкарите на БиХ за прв пат израмнија. Се играше поен за поен во наредните четири поени по што Македонија прави серија од 4:0 со која се одлепи на 22:18 и рутински го заврши првиот сет со 25:20.
Вториот сет беше сличен на првиот, македонските одбојкари брзо дојдоа до предност (5:3), а на првиот технички тајм-аут се замина со четири поени предност (8:4). Предноста се зголеми и на пет поени (13:8), но потоа исто како и во првиот сет, доаѓа до пад во играта кој го користат одбојкарите на БиХ и дојдоа до израмнување (16:16). Противникот во вториот сет дојде и до првото водство досега од 20:21 но израниците на селекторот Матијашевиќ успеаја да направат пресврт и со поените на капитенот Никола Ѓорѓиев да триумфираат и во вториот сет, овој пат со 26:24.
Во третиот сет, македонските одбојкари доминираа, поведоа со 3:0, а потоа и 7:1 и веќе беше јасно кој ќе триумфира во овој сет. Предноста на нашите одбојкари се зголемуваше, а пво финишот таа изнесуваше и 11 поени (19:8). На крајот избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ триумфираа со 25:13. Александар Љафтов со 16 поени и Никола Ѓорѓиев со 13 поени беа најдобри во нашиот тим.
Одбојкарите в сабота ги очекува втор дуел со Турција на кој ќе се брка пласман на Европското првенство.