Навивачите на Далас пред натпреварот на локалниот хокеарски тим, организираа протест поради трејдот на Лука Дончиќ на Лејкерси.

Не само за љубителите на хокејот, натпреварот Далас-Колумбос беше интересен за широката публика. Барем неговата предигра, која навивачите ја искористија за да протестираат против управата на Далас Маверикс за размена на првата ѕвезда на тимот, Лука Дончиќ, со Лос Анџелес Лејкерс.

Насобраните фанови направија погребен декор, со дресови, слики и транспаренти посветени на нивниот омилен играч.

А како врв на се, беше донесен ковчег со транспарент на кој пишуваше „најлошиот трејд во историјата на НБА“.

Лука Дончиќ, заедно со Макси Клебер и Маркиф Морис, беше трејдуван на Лејкерси во замена за Ентони Дејвис и Џејлен. Худ-Шифин и два избора од вториот круг на драфтот.

Текстот (Видео) Навивачите протестираат поради Дончиќ, извадија и мртовечки ковчег е превземен од МАКФАКС.